Долг е 469 сантиметри и има меѓуоскино растојание од 279 сантиметри, што е за 11 сантиметри повеќе од 308

По еден месец интензивна тизер кампања, конечно знаеме како ќе изгледа новиот Peugeot 408. Тоа е нешто сосема различно во понудата на оваа француска марка и модел кој нема врска со истоимениот Peugeot, кој се произведува од 2010 година за Кина и некои други пазари.

Иако е базиран на 308, ова не е ниту класичен компакт, ниту караван, ниту теренец, ниту седан …

Од Peugeot тврдат дека ова е прв модел од ваков тип во светот, дека е уникатен и не припаѓа на ниту една од моментално познатите класи. Всушност, тие тврдат дека со него основале нова класа!

Новиот 408 е навистина оригинално дизајниран. Фастбек силуетата е комбинирана со елементите на теренец: малку поголемо растојание од подлогата и пластични заштитни детали и украси на каросеријата. Но 408 има елементи и од други класи, како што се класичен компакт, купе, па дури и караван …

Особено импресивен е предниот дел со огромна решетка кој толку добро се вклопува во целината, што добивате впечаток дека автомобилот всушност нема посебна решетка и браник. 408 изгледа сосема поинаку од кое било друго Peugeot на пазарот и можно е ова да е нов дизајнерски стил кој ќе го следат и други модели.

Колку внимание е посветено на желбата да се биде различен, доказ се 20-инчните тркала, кои можеби се најоригиналните видени досега.

Peugeot 408 е базиран на 308, но неговите димензии се многу поблиску до 508. Долг е 469 сантиметри, а меѓуоскиното растојание е 279 сантиметри, што е за 11 сантиметри повеќе од 308 и 5,5 сантиметри повеќе од караванот 308 SW. Резултатот е многу пространа кабина, особено вториот ред седишта кој нуди 188 mm простор за нозете. Багажникот е раскошен со 536 литри, а со преклопување на седиштата може да се зголеми на 1.611 литри. Висината на автомобилот е 148 сантиметри.

Внатрешниот дизајн е очекуван. I-Cockpit со мал волан, 3D дигитални инструменти над него и дводелен екран на допир во средината. Долниот дел од екранот содржи кратенки или команди кои можат да се променат на барање на возачот. Речиси сè освен некои детали е преземено директно од 308.

Опсегот на погони, од друга страна, е сосема поинаков во однос на 308. Новиот 408 нема да има дизел мотор или рачни менувачи. Бензинскиот мотор со 110 КС исто така не нашол свое место во понудата. Од класичните мотори ќе има само 1.2-литарски бензинец со три цилиндри и 130 КС и познатиот осумстепен автоматски менувач. Заедно со него ќе има и plug-in хибридни системи со 180 и 225 КС и околу 60 километри електричен домет.

Peugeot особено ја нагласува помошта при возење и активните безбедносни системи. Автомобилот е опремен со шест камери и дури 9 радари кои се основата на многу „возачки асистенти“, од прилагодлив темпомат со функцијата Stop and Go, преку следење на мртва точка од 75 метри до систем за ноќно гледање кој гледа животни, пешаци и велосипеди пред да бидат осветлени со долги светла.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Новиот 408 на пазарот ќе пристигне на почетокот на 2023 година, а Peugeot се уште не ги објави цените и другите детали …

go88 cổng game quốc tế download go88.club GO88 - Cổng Game Đổi Thưởng 2022 | Link Tải Mới Nhất

sunwin apk 2022