„Трката за ГН на Австралија ќе се одржи според планираното“

Ова го изјави првиот човек на трката, Ендру Вестак. Поради светската едпидемија на коронавирусот, постојат сомневања околу одржувањето на трката во Мелбурн, закажана за 15 март.

Као што е познато од претходно, првата трка од MotoGP шампионатот во Катар е одложена, а според неофицијални информации, истата судбина ја чека и трката во Тајланд (20-22 март), втора по ред во календарот.

Според Вестак, нема причина првата трка од шампионатот во Formula 1 во Мелбурн да биде одложена. Тој го посочува стартот на Светскиот шампионат во Superbike кој минатиот викенд стартуваше во Мелбурн.

„Имавме многу италијански тимови и пилоти, многу јапонски мотори и механичари од целиот свет“, вели Вестак за Sydney Morning Herald. „Дојдоа во земјата и заминаа без никакви проблеми“.

Потврда дека нема одложување стигна и од првите луѓе на Formula 1.

„Откако ќе се преземат неопходните мерки на претпазливост и ќе се следат сите медицински и владини препораки, а луѓето правилно ја извршуваат работата, треба да можеме да го одржиме настанот. Имаме стабилна обука за зачувување на здравјето, безбедноста и управување со итни случаи за секој настан. Ние ќе продолжиме да соработуваме со здравствените агенции и сите поврзани организации, а ситуацијата ја следиме континуирано“.