Овој март, четири години по премиерата, на сцена стапува темелно рестилизираната Е-класа во три каросериски изведби, проследени со исклучително моќни AMG изданија

Со над 14 милиони продадени единици, Е-класата е најпродаваниот Mercedes во историјата на брендот. Десеттата генерација беше претставена во 2016 година и досега се има стекнато со над 1,2 милиони клиенти. 

Што донесува рестилизацијата?

Несомнено, новата Е-Класа е визуелно дотерана да изгледа подинамично. Редизајнот на светлата е придружен со нови форма на маската и браниците, додека All Terrain изведбата сега е многу поблизу до SUV моделите. Основниот модел сега има централна предна ѕвезда, и повеќе хром. Со рестилизацијата доаѓаат и три нови бои на каросеријата.

Внатре, рестилизираната Е-класа е веројатно еден од најудобните простори на тркала. Дигиталниот кокпит со два стандардни екрани од 10,25 инчи сега е стандарден, а опционално доаѓа widescreen кокпит (2 х 12,3-инчни дисплеи). Тука се и MBUX со LINGUATRONIC гласовна контрола како дел од стандардната опрема и augmented reality функција, додека удобниот престој е надополнет со Interior Assistant систем и ENERGIZING контролата на удобност со ENERGIZING COACH и PowerNap кај plug-in хибридните модели.

Технолошкиот модел е уште понапреден. Автомобилите сега се опремени со нова генерација на системот за асистенција кој вклучува управувач со капацитивни сензори на допир, Driving Assistance технологија со додаток за  автоматски маневар на вртење, унапреден систем за автоматско паркирање, итн.

Практично кажано, овој Mercedes знае како да ја прилагоди брзината при приближување кон кружен тек или наплатна рампа, препознава сообраќаен метеж уште пред возачот да примети, а знае и самостојно да вози во колона. Ги препознава ознаките на просторот за паркирање што е доволно самостојно да се паркира.

Најголемата вест која доаѓа со рестилизацијата е електрификација на моторната гама. Сега во понуда има седум plug-in хибриди во седан и караванска изведба, бензин и дизел, со заден или погон на сите тркала. Електрифицирраните верзии за прв пат ќе се нудат и во Америка. Опсегот на бензински мотори се движи од 115 до 270 kW, додека за дизел моделите се движи од 118 до 243 kW.

Новина во понудата е новиот мотор М254 со волумен од два литри: 4-цилиндерски мотор со систем ISG (Driving Assistance) систем и вграден 48-волтен електричен систем со моќност 200 + 15 kW (i + 180 Nm), иновативен сегментен турбополнач со приклучок на доток, дополнителен електричен компресор (eVZ), NANOSLIDE слој во цилиндрите и CAMTRONIC за контрола на вентилите. 

Исто така, посветено е внимание и на другите верзии, па се понудени дополнителни варијанти на моторите и off-road режими на возење за моделите All-Terrain, а интересна новина е URBAN GUARD под кое име се крие нова и сеопфатна категорија на производи и опција за интелигентно поврзување на хардвер и дигитални решенија за заштита од кражба и оштетување.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1DDWqTVPOEiUGO8sBo9QmBp7jAAiH-Tte” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Седан и караванската верзија во изложбените салони на европските дилери пристигнуваат ова лето. Лимузинската верзија со продолжено меѓу-осовинско растојание за Кина, како и купе и кабриолет верзиите стигаат потоа.