Нема крај на маките на Alfa Romeo
Црни денови за италијанскиот бренд…
Со недели наназад, новото раководство на Alfa Romeo, на чело со извршниот директор Жан-Филип Импарато, не излегува од стручните медиуми. Уште повеќе, пред само неколку дена, имавме можност да ја прочитаме помпезната најава дека овој производител ќе лансира по еден нов модел секоја година до 2026 година.
Добро време за таква објава, токму кога беше потребно да се прикажат бројките поврзани со овогодишното производство, односно бројките за трите квартали од тековната година. И тие се, накратко – катастрофални.
Alfa Romeo го заврши производството на Giulietta во декември минатата година, и со тоа спадна на само два автомобили во гамата. Тоа е приказна која веќе сите ја знаат, а новото раководство имаше година дена на располагање да направи нешто. Барем досега не направија баш ништо. Нема нов автомобил, нема сериозна рестилизација на Giulia и Stelvio … sамо многу бомбастични најави, но без никакви опипливи резултати.
Така, Alfa Romeo повторно западна во многу длабока криза. Ова најдобро се покажува со податоците за производството. Ниту Giulia, ниту Stelvio не се нови модели, но сигурно се на врвот на класата според нивните квалитети, но тоа не им помага да стигнат до доволен број клиенти.
Во текот на деветте месеци од 2021 година, во фабриката во Касино се произведени 32.554 автомобили. Ова е речиси 13% пониско од катастрофалната претходна година, кога фабриката беше „заклучена“ долго време поради корона пандемијата.
Alfa Romeo произвела вкупно 12.281 Giulia единици, како и 21.173 единици од SUV моделот Stelvio. Ако производството во Касино се спореди со 2019 година, ситуацијата е уште полоша, бидејќи тогаш падот е 21,5%. Најлошата вест е дека не се очекува подобра ситуација со производството, згора на тоа, се верува дека ќе биде уште полоша во последниот квартал од оваа година.