Од германската престолнина доаѓаат неверојатни вести

Автомобилите доживуваат вистински прогон во поголем дел од Европа. Така, неодамна во Берлин, дури 50.000 луѓе потпишале петиција со цел да ги принудат тамошните власти да забранат употреба на лични автомобили на улиците на таа метропола.

Тие бараат создавање „зона без автомобили“, ограничена со железничката S-Bahn линија. Ова е огромен дел од Берлин, и на тој начин, во суштина би се создала најголемата таква зона „ослободена од притисокот на автомобилот“.

Ако сакате да влезете во таа зона со автомобил, според предлогот на загрижените екологисти, можете само 12 пати во една календарска година, со изнајмено возило, а не со сопствено возило. Нормите би биле поблаги за амбулантни возила, услуги за испорака, како и за возачи кои имаат некаква попреченост, како и за правни лица кои не можат да функционираат без автомобили…

Тоа не е крај, петицијата предлага да се создаде простор за садење цвеќиња наместо паркинг простор. Berlin AutoFrei, организацијата која стои зад овие ригорозни предлози, не е ниту за електрични возила. Тие тврдат дека и тие ја загадуваат животната средина, пред се преку процесот на абење на гумите.

„Ќе биде потребно половина од автомобилите што се користат да станат електрични веќе следната година, со цел да се исполнат целите за емисија на штетни гасови поставени од федералната влада“, вели Николас Кестнер, еден од членовите на еколошката организација.

Berlin Autofrei има и неколку други барања – подобрување на јавниот превоз, кој, според нивните желби, треба да стане целосно бесплатен во блиска иднина, како и воспоставување повеќе зелени површини во градот.

Оваа петиција треба да собере 200.000 потписи за да оди чекор понатаму во законодавна смисла. Предложената зона без автомобили во Берлин треба да има вкупна површина од 88 квадратни километри.

Watch anime online for free at AnimeFreak free anime

La corda d’oro -Blue Sky- (https://animetv.cc/m/4w5) Episode 12

AnimeKisa: That Time I Got Reincarnated as a Slime: Tales - Veldora's Journal (Dub) anime episode Full online free at https://animekisa.in anime websites

ANIMEFLIX Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

TwistMoe: Mizuiro (2003) anime episode 2 online free at https://twistmoe.net anime streaming