Некои се изземени: Забраната за производство на бензински и дизел мотори од 2035 година не важи за сите!
Забраната не се однесува на производителите на автомобили во мали серии
Богатите не плачат или, барем, богатите што сакаат бензинци не плачат! И по 2035 година луѓето со најдлабок џеб ќе можат да купуваат патнички автомобили со мотори со внатрешно согорување, односно претежно бензински мотори.
Европската унија официјално одлучи од 2035 година да се забрани продажбата на нови автомобили на бензин и дизел. Но забраната не важи за сите. Имено, таа не важи за производителите на автомобили во мали серии. Доколку производителот испорачува до 1.000 единици годишно, ќе може да продолжи со бензински мотори и по 2035 година.
Ова е добра вест за производители како KTM, Donkervoort, Ariel, Pagani, Koenigsegg, Bugatti, Morgan, Radical… Тие произведуваат помалку од 1.000 автомобили годишно и можат да продолжат да произведуваат автомобили на бензин. Потсетување дека Bugatti е во сопственост на хрватскиот Rimac.