(Нe)очекувана смена во Volkswagen! Групацијата има нов директор
Поранешни експерти на VW велат дека ваков Golf 8 сигурно немал да пројде кај поранешниот шеф на концернот, Мартин Винтеркорн
Извршниот директор на групацијата Volkswagen, Херберт Дис, го напушта најголемиот европски производител на автомобили на сосема изненадувачки начин. Во скратениот официјален извештај на Volkswagen се вели: „Надзорниот одбор на Volkswagen AG на денешната седница го назначи Оливер Блуме за нов извршен директор на концернот. Херберт Дис ја напушта функцијата по меѓусебен договор.
Зад официјалниот извештај неофицијално се крие долгогодишна „тивка војна“ меѓу Дис и моќниот надзорен одбор на Volkswagen AG, кој го обвинувал Дис за пребрзата транзиција во производител на електрична енергија и проблемите што се појавија поврзани со квалитетот на најновите возила на VW.
64-годишниот Дис пристигна во VW од BMW непосредно пред аферата Дизелгејт. Во 2015 година беше назначен за шеф на брендот, а три години подоцна стана шеф на целиот концерн. Тој е одговорен за радикалната трансформација и електрификација на сите брендови на групацијата, но и за големите организациски промени во Volkswagen AG.
Веднаш по неговото пристигнување во VW, Дис почнал да „чисти“ Неговиот прв потег беше да го запре развојот на новиот Phaeton, кој требаше да влезе во сериско производство. Дис го сметаше за непотребен автомобил со загуба.
Негов модел на лидер беше Илон Маск, па сите карти ги фрли на електрификација и I.D. моделите. Како резултат на тоа, настрадаа други производи и технологии. Со новите модели, особено со Golf и ID.3, имаше големи проблеми со софтверот што дури го одложи почетокот на производството на новиот ID.3.
Беше критикуван и за лошиот квалитет на внатрешните материјали и лошата ергономија во новиот Golf и ID.3, што малку го наруши имиџот на брендот. Поранешните експерти на VW по напуштањето на компанијата изјавија дека ваков Golf 8 сигурно немал да пројде кај поранешниот шеф на концернот, Мартин Винтеркорн. Поради сите овие проблеми, Дис постојано беше цел на надзорниот одбор, кој сега очигледно се погрижи за неговото заминување.
Новиот шеф на концернот Оливер Блуме е долги години со концернот, а последните седум го водеше Porsche. Дека тој треба да биде тимски играч со малку поинаков пристап, може да се претпостави од овој дел од официјалното соопштение: „Блуме заедно со целото раководство ќе ја продолжи трансформацијата, со компаниска менаџмент култура во која фокусот ќе биде тимскaта работа”.