Во октомври минатата година, Škoda започна со поинаков начин на обележување на своите возила на капакот од багажниот простор

Наместо вообичаениот амблем, сега по ширината на багажникот се наоѓаат големи букви кои го означуваат името на производител. Очигледно, овој потег треба да придонесе за видливоста и препознатливоста на автомобилите на брендот.

Првиот модел со напис Škoda на капакот од гепекот беше купе кросоверот Kodiaq GT, наменет за корисници на кинескиот пазар. Оваа одлука потоа беше применета и на европските модели Scala и Kamiq.

Од производителот велат дека новата шема за означување постепено ќе се применува на сите сегашни и сите идни модели на брендот.

Сите модели за моделната 2019 со ознака Škoda на капакот од багажниот простор веќе се во изложбените салони на најнаселената земја во светот – Кина.