Од самиот врв на Porsche доаѓа потврда дека со забрзаната автомобилска електрификација се размислува и за електричен тркачки автомобил, а тука не е исклучена соработка со хрватскиот Rimac Automobili

На Porsche 918 Spyder му е потребен наследник, а бизнис развојот на компанијата оди во правец на забрзана електрификација. Така станува сосема јасно и сигурно дека новиот хиперспортски болид од хибриден концепт ќе прејде на чиста електрика, а тука конкретно место зазема Мате Римац кој е партнер на Porsche.

Зошто не и на електрична енергија? Токму тоа може да се извлече од зборовите на Оливер Блуме, првиот човек на Porsche, кој целата ситуација ја коментира во интервју за магазинот TopGear.

„Имаме голема историја во тоа, а ќе имаме и во иднината. Овој автомобил мора да биде најдобар на пазарот, да има најдобри перформанси … сепак уште немаме концепт на автомобилот. Дали би можел да биде чисто електричен? Да“, е коментарот за можниот наследник на 918-та од страна на Блуме.

Главниот извршен директор на Porsche го буди оптимизмот во електричната иднина на автомобилите по тестирањето на Taycan.

„Го возев во Шведска пред три недели. Автомобилот ќе има возна динамика каква што никогаш не сте доживеале во електричен автомобил. Сигурен сум дека ќе има сопственици на GT3 кој ќе имаат интерес за Taycan и ќе сакаат и двата модела да ги имаат во својата гаража. Гаража од соништата“, коментира со насмевка Блуме за впечатоците од Taycan , електричниот новитет за кој барем досега има 20.000 потенцијални купувачи кои веќе уплатиле капар од 2.500 евра.

На Taycan во 2021 година ќе му се приклучи Cross Turismo, а потоа доаѓа и електричниот Macan. Истото се зборува и за Cayenne. Притоа Porsche паралелно се грижи и за другите два фронта, бензинскиот и хибридниот, кои остануваат активни најмалку уште три години додека не се види што навистина сака пазарот, објаснува Блуме. А за да ја задржи водечката позиција на толку широк фронт, Porsche има голем број на партнери чија мрежа се шири од ден на ден. Еден од нив е Мате Римац, или Rimac Automobili, во кој минатиот јуни компанијата инвестираше 18,7 милиони евра.

„Мате Римац е експерт, многу амбициозен и совршен партнер за работа на прототипи и мали, паметни решенија И тоа не само во електро-мобилноста: имаме партнери и во финансии,те дигитализацијата…“, беше коментирот на Блуме за партнерство со Rimac Automobili за време на премиерата на новиот Cayenne Coupe.

Како потсетување, Porsche во 2018 година го зголеми бројот на испораки за 4% или 256.255 возила, а со тоа има и зголемување на приходите за 10% или 25,8 милијарди евра. Во исто време, нето оперативниот профит се зголемил за 4% до 4,3 милијарди евра, а повратот на инвестицијата е 16,6%. Бројот на вработени е зголемен за 9% или 32.325 работници.

Loading...