Пред три години, американскиот еквивалент на европскиот Euro NCAP, Институтот за безбедност на патиштата (American Insurance Institute for Highway Safety – IIHS) за прв пат спроведе тестови на фронтален судир со мал степен на преклопување односно само 25% од предниот дел на возилото удира во пречка, за разлика од класичниот фронтален тест што подразбира површина на преклопување на фронтот на возилото и бариерата од 40%.

Од тие тестови произлегоа катастрофални резултати.. Дури и оние модели кои најдобро се покажале, постигнале едвај просечно ниво на заштита на патниците. Со тоа Американците јасно покажаа дека автомобилските производители со години ја занемаруваат општата безбедност на патниците, оптимизирајќи ги своите возила на начин да забележат што подобра оценка на веќе познатите тестни услови.

IIHS веќе има објавено серија на тестови на модели од различни сегменти, за сега на испитот за безбедност да бидат подложени се попопуларните пикап камионети. Од таму велат, резултатите може да се опишат со бројни епитети, но ниту еден од нив не е „розев“.

Тестирани се девет пикап камионети. Од нив, три припаѓаат на категоријата средна големина или според американската класификација – сегментот на мали пикап камион, додека останатите шест на сегментот големи. Сите модели во салонот имаат по два реда седишта за патници.

Тестот покажал дека само три модели имаат добри безбедносни карактеристики: Ford F-150, Nissan Titian и Ram 1500, и тоа во ситуација каде ударот е во десната страна од предниот крај на возилото. Карактеристично е тоа дека сите три модели на пазарот се лансирани во последните четири години.

Совозачот при фронтален страничен судир: лево Honda Ridgeline – десно Toyota Tundra

Внатрешните панели на Ford по судирот се поместиле за не повеќе од 130 милиметри.  Honda Ridgeline и Toyota Tacoma постигне задоволителна оценка, а од сите тестирани модели, само моделот Ridgeline ја заслужил престижната награда Top Safety Pick 2019, поради високото општо ниво на безбедност на патниците. Критичниот момент кој го условил признанието за Honda е тоа што на листата на опрема ги има електронските системи за спречување на судир, како и најефикасна предна-светлосна група.

Четирите модели или два пара близнаци на General Motors – Chevrolet Colorado / GMC Canyon, како и Chevrolet Silverado / GMC Sierra, како и Nissan Frontier се оценети како „на работ на прифатлив“, додека веќе старата Toyota Tundra има навистина лоша оцена.

Симптоматично е тоа што седум од деветте пикап камионети добиле највисоки оценки, кога при тестирањето ударот е на левата страна (возачката), кога дури и Nissan Frontier и Toyota Tundra не паднале под најниското дозволено ниво.

Заклучокот е очигледен. Производителите мора сериозно да поработат на пасивната безбедност на нивните модели од овој сегмент.