Со зголемување на максималната дозволена брзина на автопатот до 130 km/h, Србија се приклучува кон повеќето европски земји каде важи истиот лимит

Во повеќето земји од Европската унија дозволената максимална брзина на автопат е 130 km/h, па потегот за кој подолго време се дискутираше кај нашиот северен сосед е очекуван.

Колкава е дозволената максимална брзина во регионот и Европа?

Во нашата земја, максималната дозволена брзина на автопат е 120 km/h, а на одредени делници и до 130 km/h, колку што е ограничена и во Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и во Хрватска, додека во Албанија поради сеуште полошата инфраструктура максимална брзина е помала – 110 km/h. Оваа максимална брзина изненадувачки е лимит и во Русија.

Според висината на максималната брзина, исклучок во регионот се Бугарија и Полска, каде истата на одредени делници е ограничена на 140 km/h, поради што се во самиот врв на европските земји.

Интересен е случајот со Германија. Максималната брзина на автопат е 130 km/h, но има делници, и тоа доста, на кои нема ограничување, што оваа земја ја прави редок случај, не само во Европа, туку и во целиот свет.

Има и сосема спротивни случаи. Поради малата вкупна повшрина на Лихтенштајн, највисоката дозволена брзина во оваа земја е само 80 km/h. Поради временските услови, честите дождови, снег и мраз, во Норвешка максималната дозволена брзина е само 100 km/h за патнички автомобили, освен на осум делници каде што максималната брзина е 110 km/h.

Како и да е, со новата максимална брзина на автопат од 130 km/h, Србија ќе го забрза транзитот и ќе се придружи кон повеќето европски земји со идентична граница.