Мате Римац од прва рака ги демонстрира сите функционалности на неговиот супер автомобил C_Two

Овој електричен хиперавтомобил претставен во март оваа година на автомобилскиот саем во Женева веднаш го привлече вниманието со својот изглед и перформанси, но и цената, компанијата Rimac најави производството на само 150 примероци, секој во вредност од 1,7 милиони евра.

Хрватскиот иноватор во шоуто Fully Charged ги покажа сите функционалности на дизајнот на C_Two во кој секој детаљ има цел, а ниту еден елемент не ги нарушува перформансите или не служи само за визуелна цел.

Така, батерискиот пакет е дизајниран да заземе колку што е можно помал простор од патничката кабина и да овозможи седиштето да се спушти пониско во карбон шасијата на автомобилот кој располага со 1.914 КС.

Интересно, но Мате Римац вели дека не знае колкава е максималната брзина на C_Two, бидејќи конечната бројка зависи од користените гуми. Поради ова, активното крило е прилагодено да го менува аголот при најголеми брзини поради силата на прилепување на задните тркала кон подлогата.

Моделот C_Two допрва треба да пројде низ безбедносни тестови, но и без тоа од Rimac веќе изјавија дека ги продале сите 150 планирани примероци.