Најпопуларното Audi го прославува 25. роденден
Пет генерации и над 7,5 милиони продадени единицисе моменталниот досег на најпопуларниот модел од Инголштад
Audi A4 светлото на денот го здогледа во далечната 1994 година како наследник на и ден денес популарниот Audi 80. Комбинацијата на спортска елеганција и одлични возни карактеристики уште на стартот ја освоува публиката и веќе во првата година моделот станува бестселер. Веќе во 1995 година, е продаден на повеќе од 272.000 клиенти. Моделот А4 пазарно гледано никогаш немал пад, а во своето петто издание достигна речиси 350.000 продадени примероци минатата година. Секое петто продадено Audi било А4, а тука не се мисли само на Германија, туку и на Америка или Кина, каде што најпопуларен модел е токму А4 во проширена верзија.
Во кратки црти, она што за Volkswagen e Golf, тоа e A4 е Audi. Моделот се произведува во две германски фабрики, во Некарсулм и Инголштад, а за потребите на локалните пазари, производство има и во Кина и Индија.