Доколку располага со моќноста на Urus, twin-turbo V8 во Cayenne ќе испорачува 650 КС

Porsche Cayenne Coupe официјално беше претставен пред околу три месеци во стандардна и турбо верзија, а веќе на пат се и дополнителни верзии. За класичниот Cayenne e во план рlug-in хибриден погон, со предводник модел во форма на Turbo S E-Hybrid. Ова ќе биде најмоќниот сериски SUV од групацијата Volkswagen, надминувајќи го дури и Urus, со оглед на тоа што еквивалентната Panamera располага со 680 коњи.

Погонот од Urus ќе најде свое место во GT верзијата на Cayenne Cоupe и ќе испорачува идентична „коњажа“.

Во оглед на суфиксот GT, треба да се очекуваат дополнителни модификации со цел постигнување на високи перформанси, иако тоа е еден вид на антагонизам, кога станува збор за гломазен, тежок SUV модел. Шпекулациите велат дека во прилог на GT може да се најде и некоја бројка, така што ќе може да се добие Cayenne Coupe GT5, бидејќи претходните цифри се зафатени, а ознаката GT5 е заштитена во 2015 година.

Значи, покрај моќниот мотор, треба да очекувате и одредена „диета“ и „затегнување“ на шасијата и суспензијата. Колку за потсетување, најбрзиот SUV на Нирбургринг во моментов е Mercedes-AMG GLC 63 S  со 7 минути, 49,369 секунди.