Најмоќниот Range Rover Velar располага со 550 „коњи“ и чини 100.000 евра / ВИДЕО
Британскиот производител презентираше нова верзија со високи перформанси на својот луксузен SUV, наречен SVAutobiography Dynamic Edition. Станува збор за најбрзиот и најмоќен Velar досега
За погон е избран 5.0-литарски V8 со 550 КС (405 kW) и 680 Nm максимален вртежен момент.
Овој 8-цилиндерски агрегат е поврзан со 8-брзински автоматик, благодарение на кој Velar SVAutobiography Dynamic Edition забрзува од место до стотка за само 4,5 секунди. Максималната брзина на возилото е 274 km/h.
За да застане безбедно, автомобилот е опремен со моќни сопирачки со дискови од 395 mm во дијаметар напред и 396 mm во задниот дел.
Овој моќен Velar доаѓа стандардно со 21-инчни алуминиумски тркала, додека клиентите можат опционално да нарачаат и 22-инчни.
Цената на Range Rover Velar SVAutobiography Dynamic Edition во Обединетото Кралство започнува од 86.120 фунти (околу 98.000 евра).
https://youtu.be/XhcQLvjrlL4