Долги години, Toyota во својата гама на модели има луксузна лимузина на која по некои карактеристики едвај може да и конкурираат и најексклузивните и најлуксузни  „германци“ од овој сегмент

Како што многумина ќе речат, Toyota Century е приказна за себе, автомобил кој нуди незамислива удобност и погодности достојни за највисоките државници. Редовно го бира директорот на Toyota, но моделот е најпознат како официјален автомобил на јапонскиот цар.

Во 2017 година, Toyota ја претстави третата генерација на моделот. Целосно класичниот дизајн е задржан, внатрешноста делумно пооплеменета, а моторот е 8-цилиндерски, но хибридизиран. Во оваа Toyota, сопственикот секогаш го возат, а за отприлика 150.000 евра, веројатно го добива најудобниот автомобил во светот. И веројатно единствениот кој во стандардната опрема има т.н. „прашко“, помагало за отстранување прашина од површините. Во овој автомобил сè мора да биде тивко, а очигледно употребата на правосмукалка не е соодветна 😉

Ако не верувате, погледнете го видеото подолу и уверете се сами за каков автомобил станува збор.