Најдобрите автомобили во 2018 година / ФОТО
Како и секоја година, така и оваа, американскиот JD Power објави листа на најдобри нови автомобили на американскиот пазар
Купувањето на автомобил спага во групата „една од најголемите семејни инвестиции“, веднаш по купувањето на стан или куќа. Затоа купувачите треба да бидат добро информирани за да може да се одлучат за одреден модел.Со цел овој избор да биде полесен, американскиот JD Power секоја година спроведува анкета и објавува листа на најдобри автомобили во САД за тековната година.
Во 2018 година се анализирани преку 600 различни верзии и модели, оценувани врз основа на бројни фактори, вклучувајќи квалитет на возилото, сигурност, изглед, перформанси, задоволство на сопственикот итн.
Максималниот број поени што еден модел може да ги добие е 100, а над 90 поени освоиле 13 автомобили. Погледнете ја листата на најдобри автомобили за 2018:
13. Porsche Cayenne (90 поени)
12. Lexus GS (90 поени)
11. Genesis G80 (90 поени)
10. Cadillac Escalade (90 поени)
09. BMW 7-Series (90 поени)
08. Porsche 718 Cayman/Boxster (90 поени)
07. Lexus RX (91 поени)
06. Lincoln Navigator (91 поени)
05. Porsche Macan (91 поени)
04. Lincoln Continental (92 поени)
03. Mercedes S-Class (92 поени)
02. Genesis G90 (93 поени)
01. Porsche 911 (94 поени)
Најмногу поени собрале модели од премиум производители, а покрај американските, германските и јапонските модели, мало изненадување, а можеби и не, е луксузниот корејски бренд Genesys (во сопственост на Hyundai) со два автомобили во првите 13.