Верјатно најдобриот голфер на сите времиња, Тајгер Вудс, доживеал тешка сообраќајна несреќа во вторникот кога неговото возило се превртело недалеку од Лос Анџелес. 

Според последните информации, тој не е во животна опасност, но во несреќата се здобил со тешки повреди на десната нога.

Видеото објавено од американските медиуми покажува дека корејскиот теренец Genesis GV80, во кој се наоѓал Вудс, бил многу оштетен, особено неговиот преден дел, но структурата на патничката кабина е скоро целосно зачувана. Овој факт кој го посочува полицијата во Лос Анџелес како една од причините зошто славниот голфер не е сериозно повреден. Од полицијата почочуваат дека многу важен момент е и тоа што Вудс носел безбедносен појас за време на несреќата, така што воздушните перничиња се отвориле и спречиле посериозни повреди, можеби дури и смрт.

По оваа несреќа, во фокусот на јавниот интерес беше дотогаш малку познатиот корејски производител на премиум автомобили Genesis, кој е во сопственост на концернот Hyundai.

За оние кои можеби сеуште не знаат, корејски производител на премиум автомобили Genesis, кој е во сопственост на концернот Hyundai, постои само неколку години и полека се пробива до клиентите во жестока конкуренција од германските производители Mercedes, BMW и Audi, но и брендови како јапонскиот Lexus, кој е многу успешен американскиот пазар. Terenecot Genesis GV80 на пазарот се појави минатата година.