Поранешен инженер за специјални проекти на NASA и Apple, Марк Робер, има популарен YouTube канал на кој прикажува интересни инженерски проекти, научни експерименти и повремено смешни снимки со луѓе како на пример Бил Гејтс.

Пред околу шест месеци, луѓето од каналот How Ridiculous му пристапиле со луда идеја бидејќи им требало помош. Овие Австралијци сакале да фрлаат автомобил од 45 метри висока кула на трамболина. Лудо зарем не?

Тие знаеле дека овој проект е нешто што еден поранешен инженер на NASA веројатно би можел да го осмисли и да го намали ризикот нешто лошо да се случи. Робер се сложил и многу брзо започнал да работи на проектот. Специјално изградената трамболина требало да биде компјутерски проектиран и од очигледни причини, да се испроба низ разни симулации.

Како сето тоа изгледа, може да видите во приложеното видео.

Loading...