На црта: Bugatti Veyron VS Bugatti Chiron / ВИДЕО
Kој е побрз?
Во 2006 година, Bugatti го запрепасти светот со лансирањето на Veyron, автомобил кој постави нови стандарди кога станува збор за комбинација на моќност и луксуз, перформанси и цена.
Со 1000 КС складирани во „ѕверот“ наречен 8.0 V16 quad turbo, тој беше најмоќниот и најбрзиот автомобил во свое време.
Петнаесет години подоцна, неговото место го зазеде Chiron.
Сепак, одмерувањето на силите на така моќни два „ѕвера“ секако дека е интересно. А како поинаку ако не преку трка за забрзување овој пат одржана на патека долга една милја, доволна овие два модела да покажат што можат. Очекувано, еден автомобил е многу побрз, а мерачите велат дека и двата ја надминале границата од 300 km/h.
Погледнете го видеото во прилог.