Досега се снимени 25 филмови за агентот на британската тајна агенција, а во повеќе од половина од нив, Бонд користи автомобили Aston Martin. Всушност, кога некој ќе го спомене зборот Џејмс Бонд, многу е веројатно дека првото нешто што им паѓа на памет е името на британскиот производител на автомобили. Традицијата продолжува и во најновото продолжение – No Time To Die

Без сомнение, најважниот Aston Martin во најновиот филм за Џејмс Бонд се DB5, класичната Серија II V8 Vantage, новиот DBS Superleggerа и хибридната Valhalla. Со цел да го промовира долгоочекуваниот филм, Aston Martin ги поканил своите F1 колеги, Себастијан Фетел и Ленс Строл, да се провозат со DB5, во режија на Марк Хигинс, каскадерот од No Time To Die.

Како тоа изгледа погледнете во следното видео.