Извршниот директор на групацијата VW, Херберт Дис, верува дека технолошките гиганти ќе претставуваат поголем предизвик во иднина од традиционалните ривали.

Додека Volkswagen размислува како да се спротивстави на Tesla и неговата нова гигафабрика околу Берлин Дис неодамна се осврна на темата технолошки гиганти кои влегуваат во автомобилската индустрија.

 Според Bloomberg, првиот човек на Volkswagen ги коментирал повторните најави дека Apple може да влезе во автомобилската индустрија.

„Очекуваме нови конкуренти кои сигурно ќе ги забрзаат промените во нашата индустрија и ќе донесат нови вештини. Нивниот практично неограничен пристап до ресурсите ни предизвикува многу почит “, вели Дис.

„Веќе имам кажано дека верувам дека компанија што произведува возила уште еднаш ќе се најде на местото на највредна компанија во светот. Може да бидат Tesla, Apple или Volkswagen “, додава тој.

По изгласувањето на доверба од Надзорниот одбор на групата, Дис сега има слободни раце да се фокусира на проширување на гамата на електрични возила од групата VW, со нови модели како што се Volkswagen ID.4, Audi e-tron GT и Porsche Taycan Cross Turismo .

Што се однесува до Apple, неодамнешниот извештај тврди дека неговиот проект за електрично возило Titan е повторно во игра, со можно лансирање на електричниот модел во 2024 година, пренесува Reuters.