
На домашен терен на Tesla, секој петти сопственик се откажува од електричен автомобил
Сопствениците на електрични автомобили се незадоволни од инфраструктурата на станици за полнење
Студија на научници од Калифорнија, државата во која се наоѓа седиштето и главната фабрика на Tesla, покажува на тоа дека скоро 20% од сопствениците на електрични автомобили, по нивната продажба, повторно се враќаат на автомобилите со традиционален мотор со внатрешно согорување.
Според студијата, секој петти сопственик на електрифицирано возило е многу разочаран, а причината е скоро секогаш иста – лошата инфраструктура и недоволно станици за полнење. Многу битен момент е тоа што студијата се однесува на Калифорнија, која е лидер по бројот на станици за полнење во САД.
Студијата вклучува податоци за жителите на државата Калифорнија кои поседувале plug-in хибридни возила и електрични автомобили во периодот 2012-2018 година. Разликата во индикаторите за задоволство помеѓу двата типа на автомобили е многу мала – кај plug-in хибридните автомобили 20% од сопствениците се свртуваат кон традиционалните возила, а кај електричните – 18%.
Покрај малиот број на станици за полнење, жителите на Калифорнија се жалат и на комплицираната инсталација на домашен терминал за електрифицирани автомобили.