Мултимилионска штета: Уапсени Србин и Турчин кои со години краделе мотори и менувачи од Mercedes
Осомничените биле вработени во Mercedes, а се товарат дека украле 100 мотори и 500 автоматски менувачи
По двегодишна полициска истрага, уапсени се двајца мажи кои упаднале во магацин на Mercedes во близина на Штутгарт. Станува збор за државјани на Србија и Турција, додека третоосомничениот се уште е во бегство.
Тројката е обвинета за повеќекратна кражба на вкупно 100 мотори и околу 500 автоматски менувачи со вкупна вредност од неколку милиони евра!
Во краткиот полициски извештај се наведува дека серијата кражби започнала во февруари 2020 година и дека споменатото дуо биле вработени во централниот магацин на компанијата. Во нивниот стан биле пронајдени неколку мотори и менувачи, но осомничените веќе го продале најголемиот дел од пленот.
Минатиот вторник, полициски службеници уапсиле двајца осомничени на возраст од 52 и 57 години, кои заедно со трет 36-годишен маж се осомничени дека украле мотори со внатрешно согорување и автоматски менувачи вредни неколку милиони евра“, се вели во соопштението.
Според Automobilwoche, за време на претресот на просториите во Еслинген, Штутгарт и Швабиш Хол, како и складиштето во Бакнанг, истражителите успеале да најдат детални докази, вклучително и делови од пленот.