Можете да здивнете. Поголемо намалување на цената на бензините и дизелот
Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 4,8%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 05.08.2019 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,982 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,361 ден/кг.
Новите цени на горивата почнуваат да важат од ноќеска на полноќ, односно 13.08.2019 година.