Вињалес на патеката „Марко Симончели“ стана првиот шпански победник во кралската класа оваа сезона, а дури шести возач кој стигна до највисокото место на подиумот.

Шпанецот во Мизано стигна до 24-от триумф во својата кариера, со предност од две и пол секунди пред Жоан Мир на Suzuki, додека трет беше Пол Еспаргаро на КТМ. Еспаргаро низ целта како четвртопласиран, но по пенал казната од три секунди за Фабио Квартараро на Petronas Yamaha, успеа да се искачи на последното скалило од подиумот во Мизано.

Трката за ГН на Емилија Ромања беше втора трка по ред од MotoGP шампионатот која се одржа во Мизано. Интересниот исход од минатиот викенд сугерираше дека може да има изненадувања и овој викенд. 

Како и минатиот викенд, стартната позиција беше за Маверик Вињалес, но Џек Милер стандардно одлично започна и го презеде водството. Сепак веќе по две кривини, Вињалес ја врати позицијата и за кратко успеа да се одлепи на повеќе од една секунда. Во првите два круга паднаа А. Еспаргаро, Морбидели како колатерална жртва на Еспаргаро, Роси како и Биндер кој имаше најголем напредок и дојде до четвртото место. Трката ја продолжија сите, но целта ја помина само Морбидели.

Борбата за победата во текот на целата трка беше сведена на две имиња – Вињалес и Франческо Бањаја на Pramac Ducati. И кога се чинише дека прашањето за победникот е решено, (Бањаја уште во шестиот круг го престигна шпанскиот мотоциклист и направи предност), на седум круга до крајот, возачот на Pramac Ducati направи голема грешка, излета од патеката и се чини му ја подари победата на Вињалес кој поради предноста пред останатите само рутински требаше да извози до крајот.

Неизвесно беше и зад Вињалес, каде Жоан Мир на Suzuki направи блескави завршни кругови и со неколку престигнувања стигна до второто место во трката. Квартараро неколку кругови водеше одлична битка со Еспаргаро, пред Мир да ги стигне и двајцата, но и покрај третото место во трка, на крајот мораше да се задоволи само со четвртата позиција. Французинот неколку пати за време на трката излезе надвор од рамките на патеката, за што доби казна во пред последниот круг, но бидејќи не го стори тоа, на вкупното време му беа додадени три секунди, па остана без подиум.

Најдобар меѓу останатите беше Мигел Оливеира од Teh3 KTM, пред возачот на LCR Honda, Такаки Накагами и Алекс Маркез на фабриката Honda. Андреа Довициозо беше најдобар меѓу возачите на Ducati на осмата позиција, а по него следуваа минатонеделниот победник Франко Морбидели на Petronas Yamaha и Данило Петручи Ducati.

Резултати:

Highlights:

https://youtu.be/GXbMUN9pkG0

Следната трка од MotoGP шампионатот ќе се одржи веќе следниот викенд за Големата награда на Каталонија на патеката „Каталуња“.