Ова се боите новиот Mooney VR46 Racing Ducati тим, кој оваа година дебитира во MotoGP класата

Тимот ќе го предводат Лука Марини и Марко Бецеки, додека Селестино Вијети и Николо Антонели ќе возат за тимот кој ќе настапува во Moto2 класата.

По седум сезони во Moto3 и Moto2 класите, минатата сезона тимот на Валентино Роси делумно влезе во MotoGP, предводејќи ја страната на Марини во гаражата на  Avintia. Потоа, VR46 ефективно го зазеде местото на Avintia за 2022 година, потпишувајќи тригодишен договор за машините на Ducati и очекуваше нафтениот гигант Aramco да биде главен спонзор. Но од тоа не излезе ништо па главен спонзор на тимот стана Mooney. Sky Italia беше главен спонзор на тимот од неговото деби во Moto3 во 2014 година па се до 2021 година, што се совпадна со пензионирањето на Роси.

„Оваа година за прв пат возиме во MotoGP. Тоа е малку како затворање на кругот, но исто така е убаво е да се започне уште една убава приказна во пемиум класата“, вели легендарниот Италијанец.

Лука Марини во дебитантската сезона за Mooney VR46 Racing Ducati тим ќе го вози актуелниот Desmosedici GP22. По лошиот предсезонски тест во Сепанг, 24-годишниот Италијанец успеа да го заврши тестот во Индонезија со трето најдобро време. Од друга страна, Бецеки за својата дебитантска сезона ќе управува со една година стар Ducati.