Mazda не сака да се откаже од ротационите мотори, напротив

Новиот патент кој е заштитен од јапонскиот бренд подразбира поставување на ротационен мотор „на страна“, за подобро поставување во електрифицираните модели,а треба да служи за продолжување на автономијата. Компанијата патентот го регистрирала во Јапонија уште на 31 август.

Според визијата на Mazda, компактниот мотор Wankel е како создаден да служи за проширување на автономијата. За подобро „пакување“ во новата улога, агрегатот се поставува хоризонтално, под подот на багажникот.

Сепак, „проблем“ е тоа што на ротациониот мотор му е потребно вбризгување на масло во комората за согорување, од многу јасни причини. Патентот всушност опишува како инженерите на Mazda го решише проблемот кога станува збор за насочување на инјекторите во оваа поставка.

Тие создале канал во облик на „L“ за инјекторот на масло (31, 31а, 80, 81 и 82). Од оваа позиција, подмачкувањето се врши дијагонално надолу (88) и го покрива целиот внатрешен ѕид (64) на комората за согорување, со цел да се подмачка на работ на роторот во преминот.

Од Mazda велат дека поставувањето на инјекторот за масло на врвот на комората и млазот усмерен надолу функционира. Сепак, ваква поставка би можела да го продолжи агрегатот вертикално, а токму тоа се сака да се избегне, со цел да се обезбеди максимален волумен на багажниот простор.

Во март оваа година, Мартин тен Бринк, потпретседател за продажба и сервис за клиентите во Европа, сугерираше дека моторот ќе биде поставен на најниско можно ниво и ќе биде „исто толку голем како кутија за чевли“.

Loading...