Данило Петручи пред домашната публика во Муџело ја оствари првата победа во кралската класа. Италијанецот возеше одлично, па и покрај настинката во текот на викендот стигна до победа на една од најбрзите и највозбудливите трки во сезоната

Петручи водеше во голем дел од трката, но постојано зад него беа актуелниот шампион Марк Маркез и тимскиот колега Андреа Довициозо, постојано менувајќи се на лидерската позиција. Меѓу водечките беше и одличниот Алекс Ринс на Suzuki, но на крајот во неговиот мотоцикл немаше доволно моќ ниту за подиум.

Ducati пред домашните гледачи беше во одлична форма, а главната цел беше запирање на победничката серија на Марк Маркез. Во оваа група може да се вклучи и Џек Милер на сателитскиот Ducati Pramac, но само до 15-от круг кога падна и не ја продолжи трката.

Всушност клучниот потег на Петручи беше во последниот круг. Фабричкото дуо на Ducati заедно со Маркез влезе можне агресивно во првиот свиок. Довициозо се најде во сендвич и одлучи да се „олабави“, бидејќи би се елиминирал и себе и Маркез, а Петручи во исто време ја презеде лидерската позиција..

„Неверојатно, ова е најдоброто место за да се оствари првата победа. Неверојатно е да се победи пред домашните фанови“, изјави Петручи по завршување на трката. „Трката беше фантастична, не можам да го опишам чувството. Мислам дека сѐ уште не сум свесен што се случи денес. Сакам да им се заблагодарам на сите, на семејството, на пријателите, Андреја Довицио за помош во текот на зимата … “, заклучи тој.

Додека на останатите италијанци овој викенд ќе има остане во паметење, за италијанскиот херој Валентино Роси ова беше викенд за заборав. По слабите квалификации, трката ја заврши веќе во 7-от круг откако падна од мотоциклот.

Резултати:

Highlights:

Изјави по трката:

Андреа Довициозо

Марк Маркез

Данило Петручи

Loading...