Пет работи на кои треба посветите внимание во текот на летото

Летото е пред нас, а со него не доаѓаат само летните одмои, туку и високи, понекогаш дури и неподносливи температури. Не само што луѓето страдаат од топлината, туку и нивните автомобили.

Какви опасности за автомобилот носи топлината и што да се направи за да се избегнат. Ова се пет работи кои треба да ги очекуваме во текот на летото.

Нерамномерно избледување на бојата

Под јако сонце, бојата на автомобилот е особено изложена на избледување. Сите дамки или нечистотии (како птичји измет) резултираат со нерамномерно избледување на бојата. За да се спречи ова, во текот на летото неопходно е автомобилот што почесто да се пере – барем еднаш неделно.

Екстремни температури

Ентериерот, особено на автомобилите со потемна боја, брзо се загрева во текот на летото кога автомобилот е паркиран подолго време, а во салонот станува пеколно жешко. Кога ќе влезете во автомобилот, нормално поради топлината сакате веднаш да го вклучите клима уредот. Но, ова не е во ред. Факт е дека ненадејните промени во температурата се екстремно штетни за стаклото, пластиката и тапацирот. Затоа, клима уредот не треба да се вклучува веднаш по влегувањето во автомобилот. Подобро е да ги отворите прозорците и да овозможите подобро струење на воздухот, да почекате 2 минути и потоа да се придвижите. Првиот еден или два километри е добро да се поминат со отворени прозорци, а дури потоа да се вклучи клима уредот.

Прегревање на моторот

Во лето, често се случува прегревање, особено ако автомобилот е стар повеќе од една година. Затоа, најдобро е да се направи дијагностика на моторот, особено системот за ладење, пред да започнат жештините. Секогаш внимавајте на сензорот за температура на моторот додека возите. Препорачливо е да имате најмалку еден литар течност за ладење во багажникот. Ако моторот се прегрее, веднаш застанете, оставете го да се олади неколку минути, а потоа надополнете го садот со течност за ладење на моторот.

Грижете се за сопирачките

Поради триењето, сопирачките при работа нормално се загреваат. Во жешките денови тоа загревање е уште поголемо. Тоа е причината зошто во текот на летото треба дозирано да ги користите сопирачките. За таа цел, најдобро е што повеќе да се користи моторно сопирање. Се разбира, ова се однесува на автомобилите со мануелен менувач.

Заштита на салонот од директна сончева светлина

Како што споменавме погоре, во лето, температурата во салонот може да скокне до екстремни вредности. Многу е важно директната сончева светлина да не паѓа на пластиката и тапацирот. Затоа, кога автомобилот е паркиран, особено предното стакло, добро е да се покрие со некоја од различните за таа намена покривки.

Loading...