Ducati шампион во конкуренција на конструктори

Демонстрирајќи силни перформанси, Мигел Оливеира победи на трката за ГН на Потугалија и со тоа ја оствари втората сезонска победа. Со второто место во Портимао, Франко Морбидели го освои и второто место во шампионатот, додека тимот на Ducati успеа да дојде до титулата во конкуренција на конструктори.

Португалецот триумфираше на домашен терен, „верификувајќи“ ја пол-позицијата (прва во неговата кариера) од саботните квалификации. Перформансите од саботата ги пренесе и на трката, на таков начин што ниту еден од конкурентите не можеше дури ни да му се приближи.

Веќе во почетните кругови, Оливеира правше предност од дури 0,5 секунди по круг, за да веќе во четвртиот круг таа предност во однос на второпласираниот стигне до две секунди, а до десеттиот круг до четири секунди.

 Веќе по почетниот спринт, тој ја стабилизираше дистанцата и по втор пат оваа година прв ја мина целта за Tech 3 KTM, но на многу подоминантен начин отколку што тоа беше случај на трката за ГН на Штаерска.

Без можност да му се заканат на Оливеира, за второто место жестока битка се до последниот круг водеа Франко Морбидели и Џек Милер. Морбидели се до  последниот круг и кривината број девет го имаше на дофат второто место во Португалија, но Милер изведе перфектен маневар за претекнување, со што го освои второто место и на Ducati му ја донесе титулата во конкуренција на конструктори. Suzuki, кој можеби беше и фаворит за оваа титула, во Портимао ја имаше една од најлошите трки во сезоната, додека Морбидели сезоната ја заврши како најдобар возач на Yamaha оваа сезона.

Можеби единствениот возач со потенцијал да го следи Оливеира беше Пол Еспаргаро, но тој се најде „заглавен“ во колоната на стартот, каде изгуби премногу време. Сепак, од моментот кога успеа да се ослободи од гужвата, тој јасно покажува колку е брз. На крајот, Шпанецот беше четврти со фабричкиот КТМ, како негов најдобро пласиран возач, и покрај тоа што неговите колеги со мотори на австрискиот производител стигнаа до три победи.

Такаки Накагами, како и обично, беше одличен во последната фаза од трката, за малку престигнуајќи го Еспаргаро во борбата за четвртото место. Сепак, на крајот, тој мораше да се задоволи со петтата позиција.

Андреа Довициозо, на неговата последна трка пред паузата која ќе ја направи, беше шести, пред Стефан Брадл на Repsol Hona (неговиот најдобар личен резултат од 2014 година). Алеш Еспаргаро исто така го израмни личниот најдобар резултат во сезоната со осмото место, пред Алекс Маркез и Жоан Зарко, кој од петтата падна на десеттата позиција.

Маверик Вињалес и Валентино Роси возеа типична овосезонска трказа Yamaha, со 11-то и 12-то место, иако беа подобри од непредвидливиот Фабио Квартарo, кој на крајот од петтaта стартна позиција падна дури на 14-то место.

Кал Крачлоу добро започна, но трката ја заврши само како 13-ти, со што ја заврши својата кариера во MotoGP.

Шампионот од Suzuki сигурно ќе се обиде да го заборави финалето на сезоната што е можно поскоро. Жоан Мир, која стартуваше од 20-тата позиција, се повлече од трката поради технички проблеми, додека Алекс Ринс не личеше на самиот себе, паѓајќи во редоследот во текот на трката, за на крајот да заврши само на 15-то место. Токму поради лошата последна трка за Suzuki, Yamaha успеа да го освои второто место во конкуренција на конструктори.

Резултати:

MotoGP 2020 Portugal Full Race Highlights:

https://youtu.be/dXnUsmW2oNE

 

 

 

Како и да е, ние, а веројатни и вие, уживавме во една неверојатно возбудлива и интересна MotoGP сезона полна со пресврти и  многу победници. Главниот фаворит Марк Маркез прерано ја заврши сезоната поради скршеница на надлактицата уште на почетокот од сезоната, а по привите две трки многумина го гледаа Фабио Квартараро како нов шампион. Сепак, „кралската класа“ пишува трилери и драми, па сето тоа заврши како што веројатно никој не очекуваше. Марк Маркез треба да се врати наредната сезона, но останува да се види како на него ќе влијае големата пауза поради повредата и уште повеќе, како ќе се справи со многуте „осоколени“ млади момци кои се желни за победи.