Шпанецот Марк Маркес со победата на трката за ГН на Тајланд ја завери шестата шампионска титула во кралската класа

Возачот на Repsol Honda два дена по жестокиот пад на слободните тренинзи славеше победа на трката за ГН на Тајланд, победувајќи го Фабио Квартараро на Yamаha во последниот свиок на патеката Ченг.

Французинот стартуваше од пол позиција и беше на еден чекор од својата прва победа во кариерата во „кралската класа“, но Маркез го престигна пред самиот финиш и триумфираше со 0,171 секунда предност. На третото место трката ја заврши Маверик Вињалес од фабричкиот тим на Yamaha.

Со новата овосезонска победа, Маркес и теоретски на четири трки до крајот на сезоната ја завери новата титула, бидејќи има 110 бода повеќе од првиот пратител Андреа Довициозо, кој во Тајланд заврши на четвртата позиција.

Младиот Шпанец до титулата стигна со девет победи во досегашните 15 трки, пет пати трките ги заврши како второпласиран, а само еднаш не успеа да стигне до целта.

Со шестата титула Марк Маркез го надмина Мајк Духан и сега е на третото место на вечната листа на шампиони во „кралската класа“, на титула до Валентино Роси, а на две од рекордерот Џакомо Агостони.

Шпанецот е вкупно осми шампион во светот на мотоциклите трки бидејќи има и по една титула во класите од 125сс и Moto2. Пред него се Роси, Мајк Хеилвуд и Карло Килинг со по 9, Анхел Нијето со 13 и Агостини со 15.

Маркес е четвртиот возач во историјата кој е светски шампион четири пати по ред, покрај Роси, Духан и Агостони.

Moto GP Thailand 2019 / Резултати:

Moto GP Thailand 2019 / Race highlights:

https://youtu.be/92NO_Q7bNCU

Moto GP Thailand 2019 / Изјавија по трката: