Во Porsche, не се суеверни, туку едноставно не оставаат ништо на случајноста

Како и кај вистинските Германци, секој детал мора да биде разработен и јасно дефиниран, а кога станува збор за автомобилите, се оди до незамисливо ниво.

Верувале или не, Porsche има правило како се поставува централното капаче на тркалата, односно на која позиција треба да биде поставен амблемот Porsche. Новинарот на Јалопник за ова дознал додека се обидувал да ја прилагоди позицијата на капачето на Taycan за да се фотографира trkaloto. Тој, се разбира, решил да го постави исправено, како и секој друг. Сепак, се веднаш се појавил вработен во Porsche, кој видел што направил новинарот и веднаш го укорил. Знакот бил вратен во соодветна позиција по сликањето, а новинарот добил упатство за во иднина.

Упатството вели дека долниот центар на грбот на Porsche секогаш мора да гледа во правец на безбедносната навртка, доколку ја има, но секако во насока на сигурносниот вентил за пумпање на гумата. 

Затоа, ако видите Porsche на патот, обрнете внимание на положбата на капачето со логото на Porsche. Ако не е во предвидената насока, голема е веројатноста дека некој дополнително да го допирал тркалото или пак во локалниот сервис не се запознаени со овој важен детал.