MotoGP: Маркес најбрз и во Франција, Роси повторно на подиумот/ ВИДЕО
Возачот на Repsol Hondа, Марк Маркес победи на трката за Големата награда на Франција во Ле Ман и ја зголеми предноста во генералниот пласман
Актуелниот светски шампион водството во трката го презеде во 18-от круг и успеа да стигне до третата последователна победа во шампионатот, вкупно 64-та во кариерата, 38-ма во кралската класа. Ова е втора победа на Шпанецот во Франција на Ле Ман по триумфот во 2014 година.
На второто место трката ја заврши возачот на Alma Pramac Racing, Данило Петручи, со задоцнување од 2.310 секунди, пред Валентино Роси од Movistar Yamaha со заостаток од 5.350 секунди зад победникот. „Докторот“ трката ја започна од деветтото место, но до подиумот стигна, покрај доброто возење, и благодарение на грешките на другите возачи и излетувања од патеката.
Возачот на Alma Pramac Racing, австралиецот Џек Милер, го освои четвртото место, пред петтиот Дани Педроса од Repsol Honda и шестопласираниот Хорхе Лоренцо од Ducati.
Со новата победа, четирикратниот светски шампион Маркес го зголеми водството на 36 поени во генералниот пласман пред Маверик Вињалес од Movistar Yamaha, кој во Франција го освои само седмото место.
Домашниот возач Жоан Зарко од Monster Yamaha Tech 3 е трет во генералниот пласман, а трката во Ле Ман не ја заврши, иако ја полна од пол-позиција.
Трката не ја завршија ниту Скот Рединг, Тито Рабат, Андреа Довициозо, Алваро Баутиста и Андреа Јаноне.
MotoGP Le Mans 2018 (Резултати):
MotoGP 2018 (Генерален пласман):
MotoGP Le Mans 2018 (Highlights):
Следната трка во шампионатот се вози на 3 јуни за Големата награда на Италија во Муџело.