Само еден ден откако Европската комисија поднесе тужба до највисоката судска инстанца во Европа, против Германија, поради повторениот пропуст по однос на заштитата на квалитетот на воздухот во своите градови, објавени се детали од пресудата на германскиот суд, кој ќе ги стави Volkswagen и другите производители под дополнителен притисок да инсталираат дополнителен хардвер на дизел возилата од постарите генерации кои го предизвикуваат најголемиот дел од загадувањето

Истражувачкиот центар за Evercore ISI предвидува дека ова автомобилската индустрија ќе ја чини неверојатни 14,5 милијарди евра.

Германија ја отвори вратата за забрана на дизел возилата во февруари, овозможувајќи со донесената судска пресуда, еколошките организации да покренат судска постапка против градовите кои не ги почитуваат европските регулативи во однос на потребниот минимум квалитет на воздухот во градовите.

Десетици германски градови, вклучувајќи ги Минхен, Штутгарт и Хамбург, имаат значително послаб квалитет на воздухот во однос на регулативите на ЕУ, што пред се се должи на азотните оксиди.

Сега, по објавувањето на целосниот текст на одлуката на судот, станува јасно дека нема да има преодни периоди во однос на влегувањето во сила на забраната за дизел.

„Овие ограничувања, по својот интензитет, не ги надминуваат останатите ограничувања наметнати од страна на други сообраќајни прописи, со кои возачите треба да се усогласат, или да ги прифатат“, се наведува во одлуката на судот.

Европските производители на автомобили имаат инвестирано огромни суми на пари досега во развојот на дизел моторите, кои испуштаат помалку јаглерод диоксид отколку бензинските пандани, но затоа пак дизел испарувањата предизвикуваат емисии на други штетни супстанци. Судската одлука може да има многу пошироки импликации за целата автомобилска индустрија.

Забраните во дворот на најголемите производители на автомобили во светот, претставува сериозен удар за целиот индустриски сектор, како и голем пораз и срам за канцеларката Ангела Меркел, која е предмет на чести критики за блискост со домашните производители.

„Оваа пресуда е катастрофа за германската влада, која се обидува со сите средства да ја заштити алчноста за профит на домашните производители, оставајќи на цедило десет милиони сопственици на дизел возила“, вели Јурген Реш, директор на германската организација за лобирање за заштита на природата DUH.

Моменталните забрани за управување по главните патишта би биле целосно легални, а ако се донесат, тие би можеле од сообраќајот во овие зони, да ги исклучат речиси сите дизел возила кои не ги исполнуваат стандардите за емисија Euro 6, се вели во одлуката на судот.

Од вкупно 15 милиони дизел возила на германските патишта, само 2,7 милиони ги исполнуваат стандардите за емисија, кои станаа задолжителни во 2014 година (Euro 6).

За пошироките градски области или главните крстосници на клучните транспортни правци во државата, судот препорачува постепена забрана, почнувајќи од автомобили кои ги исполнуваат само Еуро 4 стандардите, кои биле во сила до 2009 година.

Германската организација VDA, која претставува лобист на автомобилската индустрија, апелира до градовите да имаат „чувство за пропорција“, односно апелира за разум, при донесување на одлуки за забрана, истакнувајќи дека во наредниот период ќе дојдо до намалување на присуството на азотни оксиди во воздухот, како во возниот парк се зголемува учеството на автомобили кои ги исполнуваат Еуро 6 стандардите или како што се зголемува бројот на оние со модифицирани Euro 5 автомобили.

Од вториот по големина германски град кој има полош квалитет на воздух од дозволеното, Хамбург, во средата дојде изјава дека е започната правна постапка за воведување забрана за дизел. Се очекува локалните власти да донесат релевантни одлуки кои ќе стапат на сила до крајот на месецот.