Ажурираниот календар за претстојната MotoGP сезона е официјално објавен, а екипите почнуваат да се подготвуваат стартот, кој е на програмата со викендот што започнува на 26-ти и завршува на 28 март во главниот град на Катар – Доха

Вториот викенд од шампионатот е на програмата од 2-4 април на истата патека – Losail Internešnal.

Потоа караванот се сели во Португалија, каде од 16 до 18 април ќе се одржи третиот натпреварувачки викенд на патеката „Autodormo Internasional“, а потоа ќе се вози во Херез на патеката Angel Nijeto.

Поради „lockdown-от“ предизвикан од пандемијата на коронавирус во Аргентина и Америка , трките се одложени и евентуално ќе се одржат во  последниот квартал од годината. Резервна трка е трката за ГН на Индонезија.