MotoGP: Историска победа за Биндер и КТМ во Брно / ФОТО+ВИДЕО
Младиот Бред Биндер го оствари својот прв триумф за КТМ, во само третата трка од неговата кариера во елитното мотоциклистичко натпреварувањe
Трката во брно беше навистина невообичаена, со возачи на чело на колоната кои вообичаено ги гледаме некаде во средината од поредокот. Франко Морбидели веднаш по стартот доминантното ја превзеде лидерката позиција, во стилот на Маркез или Квартараро, и се чинеше дека никој нема да може да му се закани. Во почетните кругови дури и направи значајна предност пред неговиот тимски колега од Petronas Yamaha, Фабио Квартараро.
Иако Квартароро се обиде да го „брка“ Морбидели, тој се најде на „мета“ на Биндер, кој по добриот старт нагло се пробиваше во пласманот, совладувајќи го попат и поискусниот клупски колега, Пол Еспаргаро, во директен дуел.
Без никаков комплекс, Биндер продолжи да напаѓа, лесно совладувајќи го лидерот во шампионатот, Квартараро, во деветтиот круг, пред да се пушти во потера по Морбидели.
Проблемите на Италијанецот со меката задна гума доведоа до пад на неговото темпо во вториот дел од трката, што му овозможи на Биндер брзо да ја стопи временската дистанца помешу нив двајца. На девет крогови до крајот, Биндер не чекаше ниту еден момент и очекувано го презеде водството кое без никакви проблеми не го испушти до самиот крај.
Она што импресионираше беше возење на Бред Биндер воо стилот на многу поискусни пилоти од серијата – чисто и директна борба. На овој начин, Биндер стана првиот јужноафрикански возач кој победил во кралската класа, докажувајќи дека КТМ конечно го има она што е потребно за да се бори за висок пласман.
Морбидели успеа да ја задржи втората позиција, што е воедно и негов прв подиум во MotoGP. За овој резултат можеби придонесе и, според многумина па и нас, неправедната казна на Жоан Зарко, кој доби казна од „долг круг“ за контакт што резултираше со излетување од патеката на Пол Еспаргаро. Французинот, кој ја држеше внатрешната линија без никаква корекција на траекторијата, со левата страна од мотоциклот го закачи Еспаргаро во кривината број 1 во 10-от круг, кој задоцни во одбрана на позицијата, по што доживеа пад. Сепак, судиите решија да го казнат Зарко, иако се чини дека ова беше само тркачки инцидент.
Where do you stand on the incident between @JohannZarco1 and @polespargaro? ?
The Frenchman received a long lap penalty but still held onto third! ?#CzechGP ?? pic.twitter.com/FFWl4TFHSp
— MotoGP™? (@MotoGP) August 9, 2020
Возачот на Avintia Ducati, Жоан Зарко, започна од пол позиција, но падна на шестото место по лошиот старт. Сепак, тој возеше одлично, на крајот стигна и до подиумот, повеќе од заслужено. Од друга страна, со оглед на перформансите на КТМ, голема штета што Еспаргаро на ја заврши трката, бидејќи во спротивно, веројатно ќе сведочевме на првата еден-два победа за КТМ.
Passing, elbow-to-elbow racing and stunning riding ✊ @JohannZarco1 returns to the podium for the first time since the #MalysianGP in 2018 ?#CzechGP pic.twitter.com/BoZCPq3Y6L
— MotoGP™? (@MotoGP) August 9, 2020
? @JohannZarco1 making precision in riding an art! ?
The Frenchman manages to hold on to 3rd place after taking the long-lap penalty during the #CzechGP ?? pic.twitter.com/8EMRdtFeYA
— MotoGP™? (@MotoGP) August 9, 2020
На самиот крај од трката, во битка за третото место од подиумот, Зарко се бранеше од нападите на Алекс Ринс од Suzuki, кој демонстрираше фантастичен напредок во однос на почетната фаза од трката. Одлична трка и за ветеранот Валентино Роси кој со фабричката Yamaha на крајот заврши на петтото место.
Мигел Оливеира исто така го искористи перформансите на КТМ, напредувајќи од 13-то до 6-ти (Tech 3), што е негов најдобар финиш во MotoGP, но и за Tech 3 по здружувањето со КТМ.
Лидерот во шампионатот, Фабио Квартараро, откако ги истороши гумите, падна во редоследот, така што на крајот мораше да се задоволи само со седмото место. Сепак, Французинот го зголеми водството во однос на првиот пратител, Маверик Вињалес, кој имаше ден да заборав, не можејќи да стори ништо подобро од 14-та позиција, а започна како петти.
? @BradBinder_41, the boss of Brno!
Congratulations on your first-ever #MotoGP victory! ?#CzechGP ?? pic.twitter.com/vCYF1gCPv9
— MotoGP™? (@MotoGP) August 9, 2020
Резултати:
An extraordinary result after an extraordinary Grand Prix! ?@BradBinder_41 claims his and KTM's maiden #MotoGP victory ahead of @FrankyMorbido12 and @JohannZarco1! ???#Bradical | #CzechGP ?? pic.twitter.com/GrgyPNdxwX
— MotoGP™? (@MotoGP) August 9, 2020
Despite a difficult afternoon, @FabioQ20 extends his championship lead! ?@mvkoficial12 maintains second while @BradBinder_41 leaps up to fifth! ?#CzechGP ?? pic.twitter.com/SNq32vDOce
— MotoGP™? (@MotoGP) August 9, 2020
MotoGP 2020 Brno / Full Race Highlights
https://youtu.be/G8hshMkRuAM
Изјави по трката:
"I don't think it's ever gonna sink in. It's something I've always dreamed about!" – @BradBinder_41 ?️
A day the South African rookie will never forget! ?#Bradical | #CzechGP ?? pic.twitter.com/KoB0M3Pih1
— MotoGP™? (@MotoGP) August 9, 2020
"I'm here mostly because of @ValeYellow46" – @FrankyMorbido12! ?️
The @sepangracing rider pays a special tribute to his mentor after his first #MotoGP podium! ?#CzechGP ?? pic.twitter.com/G3GSJISXsk
— MotoGP™? (@MotoGP) August 9, 2020
? Singalong with @JohannZarco1! ?
The Frenchman serenades race winner @BradBinder_41! ???#CzechGP ?? pic.twitter.com/RfsTo1Dgrb
— MotoGP™? (@MotoGP) August 9, 2020
Следната трка се вози на Red Bull Ring арената во Шпилберг за ГН на Австрија на 16-ти август.