Прв триумф на младиот Шпанец за можеби и титула Светски шампион

MotoGP сезоната полека влегува во својата завршница, а Валенсија беше домаќин на возачите од кралската класана на првиот од двата тркачки викенди.

Пол Еспаргаро ја искористи пол-позицијата и поведе пред Ринс и Мир, додека Вињалес поради казна трката мораше да ја стартува од боксот.

Еден од главните ривали во борбата за титулата, Фабио Квартараро падна веќе во првиот круг и иако се врати на патеката, со оваа грешка скоро и да ги загуби шансите за освојување на шампионската титула.

Повратникот на патеките по изолацијата поради коронавирус, Валентино Роси поради проблеми со мотоциклот се откажа во 4-от круг, а наскоро и Бањаја и Крачлоу завршија покрај патеката. Тандемот Ринс / Мир на Suzuki го презеде водството пред Пол Еспаргаро, додека Вињалес по сите откажувања некако стигна до 14-тото место на средината од трката, кое носи 2 бода.

Во 11-от круг по грешката на Ринс, Жоан Мир дојде на лидерската позиција, додаде гас и брзо направи недостижна предност пред конкурентите за победа.

Во борбата за 8-то место Довициозо го престигна Алекс Маркез кој потоа загуби контрола над моторот и заврши покрај патеката на 4 круга пред крајот.

Во стил на големите мајстори во овој спорт, Жоан Мир ја заврши трката и на крај им ги затвори устите на сите критичари кои веќе ја оспоруваа неговата евентуална шампионска титула, без ниту еден триумф.

Како деветти победник оваа година, Мир го зголеми водството во генералниот поредок и сега може мирно да ги чека и извози последните две трки.

Резултати:

MotoGP Valencia 2020 Full Race Highlights

https://youtu.be/ZVKEYgEPhDU

Изјавија по трката: