По жестока борба, за подиум се изборија и Бањаја и Мир

Пред трката во Португалија, главната вест беше враќањето на Марк Маркез. Многумина предвидуваа дека поранешниот шампион ќе се бори за подиумот, но во трката беше очигледно дека тој сè уште нема сили за да се впушти во борба со моментално најдобрите на гридот. А главните протагонисти на Мото ГП трката во Португалија беа Квартараро, Ринс, Мир, Зарко и Багнаја.

Фабио Квартараро не ја искористи пол-позицијата и по неговиот лош старт, Јохан Зарко ја поведе трката. Ринс ја држеше 2-та позиција, додека Мир многу брзо се проби покрај Марк Маркез и тргна во потера по лидерите на трката.

Серијата излетувања и откажувања наскоро ја отвори Пол Еспаргаро, кој се повлече поради проблеми со моторот.

Следуваа падовите на Милер, Ринс и Роси, а во самиот финиш Зарко исто така падна за време на битката со Бањаја. Тоа му ја олесни работата и Квартараро прв ја мина целта со безбедно возење и предност над 4 секунди пред возачите на Ducati и Suzuki.

Марк Маркез издржа до крајот на трката, но не можеше подобро од 7-та позиција. Глемо прашање е дали ќе беше и на таа позиција да не беа големиот број падови

Дебитантот Бастианини исто така оствари солиден резултат, надокнадувајќи седум места од квалификациите и завршувајќи на 9-та позиција.

<\center>

Благодарение на вториот триумф по ред оваа сезона, но и падот на Жоан Зарко, Квартараро го презеде водството во генералниот пласман.

Moto GP 2021 Portugal / Резултати

Moto GP 2021 Portugal / Изјавија по трката

Марк Маркез

По ГН на Португалија и освоенот седмо место, Марк Маркез прокоментира како се чувствува по враќањето на патеките по долго отсуство, при што ја пропушти практично целата претходна сезона, и истакна дека го враќањето било многу емотивно за него.

„Оваа трка беше полна со емоции. Тоа е најдобриот начин да се опише. Јас сум човек што ги задржува емоциите во себе, но кога завршив, пристигнав во боксот кај своите механичари, само експлодирав и не можев повеќе да се контролирам. Долго сонував денешната трка да ја завршам целосно. Ова е најголемиот чекор во моето закрепнување. На крајот, бев толку истоштен“, вели Марк Маркез. „За време на првите неколку кругови се чувствував како да не сум на вистинското место. Како кога играте фудбал со постари момчиња на училиште, па тие се побрзи од вас. На почетокот немав добар ритам, но наскоро станав побрз и побрз затоа што бев смирен. Во последните шест круга, јас само седев на мотор и се обидував да ја завршам трката. „Кога конечно ќе видам дека завршив само 13 секунди зад Фабио Квартараро, мислам дека е неверојатно“, вели осумкратниот светски шампион во мотоциклизам.

Moto GP 2021 Portugal / Highlights

https://youtu.be/Xd5MxIza7Bo