Возачот на Repsol Hondа, Марк Маркес е победник на Големата награда на Шпанија која се возеше на патеката во Херес

Трката ја одбележа големиот инцидент помеѓу Хорхе Лоренцо (Ducati), Андреa Довициозо (Ducati) и Дани Педроса (Repsol Honda) на осум круга до крајот.

Веднаш по стартот Хорхе Лоренцо, кој започна како четврти по квалификациите, ја поведе колоната, следен од Дани Педроса и Жоан Зарко. Освојувачот на пол позицијата Кал Крачлоу брзо падна на четвртото место. Веќе во вториот круг, Маркез успеа да ги мине Крачлоу и Зарко, а во почетокот на следниот и неговиот клубски колега Педроса. Во седмиот круг Британецот Крачлоу излета од патеката, а тоа го искористи Довициозо за да стигне до четвртата позиција.

По два круга Маркез за првпат го презеде водството од Лоренцо. Секунда подоцна Довициозо го мина Педроса и излезе трети зад клупскиот колега Лоренцо кој потоа долго време одолеваше на нападите на Довициозо. Во 13-от круг од трката испаѓа дебитантот Томас Лути, а Маркес за „влакно“ ќе ја доживееше истата судбина, но со одличен маневар успеа да остане во трката.

Во голема борба за второто место, на осум круга до крајот, Довициозо го нападна тимскиот колега Лоренцо, но во целата битка се вмеша и Педроса, кој се обиде да ги помине двајцата од внатрешната страна на патеката. Токму тогаш доаѓа до судир помеѓу Лоренцо и Педроса, во кој страда и Довициозо, за сите тројца да завршат надвор од патеката. Инцидентот Маркес го остави осамен на првото место, и полесно од очекуваното дојде до триумф на патеката во Херез.

Ова беше втора сезонска победа за актуелниот шампион во кралската класа по која се зголеми и неговата предност пред Довициозо во генералниот поредок.

Од предвремениот крај на трката за Довизиозо, Лоренцо и Педроза, профитираа возачите кои заостануваа. Втор низ целта помина Жоан Зарко (Yamaha), пред третопласираниот Андреа Јаноне (Suzuki) и четвртиот Данило Петручи (Pramac) односно петтиот Валентино Роси (Yamaha).

Првата десетка ја комплетираа Милер (Ducati), Вињалес (Yamaha), Баутиста (Ducati), Морбидели (Honda) и Калио (KTM).

РЕЗУЛТАТИ

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

MOTOGP JEREZ 2018 (HIGHLIGHTS)