На патеката во Остин, САД, пилотот на Suzuki, Алекс Ринс, стигна до својата прва победа во кралската класа по битка со ветеранот Валентино Роси

Фаворитот за победа, Марк Маркез на Honda, неочекувано падна на десеттиот круг и не успеа да ја заврши трката. Победата на Алекс Ринс е прва за Suzuki по 2016 година.

По падот на Маркез, Докторот ја предводеше колоната на мотоциклисти во Остин и, малку по малку, тој и Ринс почнаа да се одлепуваат од останатите. 23-годишниот Ринс успеа да го помине Докторот на четири круга пред крајот по што Италијанецот се обиде да се врати, но не успеа. Темпераментниот Италијанец стана првиот возач кој има 40 години, со два последователни подиуми во MotoGP.

Марк Маркез со падот стави крај не неверојатната серија на успеси во Остин (победник на шест трки по ред: 2013-2018). Неговиот тимски колега, Хорхе Лоренцо, исто така не ја заврши трката поради технички проблеми со мотоциклот, што само беше потврда за кошмарниот виденд на Honda. Сателитскиот пилот Кал Крaчлоу исто падна уште во раните фазa од трката, по што целта успеа да ја помине само еден мотоцикл на Honda – оној на Накагами на десеттото место.

На третото место заврши Џек Милер со сателитскиот Ducati, за негов прв подиум по речиси три години. За четвртото место, со голема предност пред останатите кои се освоија бодови, се избори Андреа Довициозо на фабричкиот Ducati, што секако е одличен пласман за Италијанецот ако се земе во предвид дека стартуваше од 13-та позиција.

Благодарение на падот на Маркез, сега лидер во генералниот пласман е токму Довициозо пред Валентино Роси, Алекс Ринс и Марк Маркез.

Резултати:

MotoGP Austin 2019 Race Highlights

https://youtu.be/tJ-hvRm8ZoM

Изјавија по трката: