Возачот на Honda, Марк Маркес, победи на 14-тата трка на овогодинешниот MotoGP шампионат, трката за ГН на Арагон

Со новата победа, Шпанецот стигна до 78-от триумф во својата јубилејна 200-та трка во „кралската класа“.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, трката ја заврши на второто место пред Џек Милер од Pramac Racing.

Губитник на денот е Маверик Вињалес кој на два круга до крајот беше зад Маркес, но успеа да ја загуби позицијата и подиумот од Довициозо и Милер.

Маркес водеше практично од почеток до крај и скоро и да немаше поголема возбуда во борбата за прво место.

Маркес е прв во генералниот пласман со 300 бодови, по што следат Довициозо со 202 и Алекс Ринс со 156, а првата петорка ја комплетираат Данило Петручи со 155 и Вињалес со 147 поени.

Moto GP Aragon 2019: Резултати


Moto GP Aragon 2019: Race highlights



https://youtu.be/ZVROuiDvc68



Сезоната продолжува на 6 октомври на Големата награда на Тајланд.