Поранешниот претседател на Ferrari, кој создаде доминантeн тим на почетокот на овој век, вели дека е подготвен да ја преземе контролата врз италијанската компанија

Сега веќе поранешниот претседател Луис Камилери го напушти Маранело, а Formula 1 тимот е без компас по една од најлошите сезони во историјата. Ова се случува во моментот кога тимот го води Матија Биното, когo медиумите во Италија го нарекуваат „Хари Потер без волшебно стапче“. Некои тврдат дека е само прашање на време кога ќе се појават некои драстични промени на врвот.

Сега останува на привремениот претседател Џон Елкан да постави нови темели.

За тоа време, во медиумите и во јавноста се појави силно лоби, кое повикува на враќање на стариот претседател Лука Ди Монтеземоло, ако не во истата улога тогаш барем во улога на советник. Тој на двапати досега го има преземано Ferrari и двапати од пропаст го доведе до шампионски титули.

На прашањето дали ќе се врати во тимот, тој во интервју за телевизијата RAI вели:

„Тоа прашање не е за мене. Никој сè уште не ме прашал ништо. Мислам дека знам кои се проблемите и можам да ги решам. Жал ми е што гледам толку слаб Ferrari и загрижен сум затоа што тимот минува низ тежок период. Ова е сосема поинаков Ferrari од оној што јас го водев. Големо внимание се посветува на пазарната вредност и акциите на компанијата. Производството е зголемено, но луѓето што возат Ferrari не знаат доволно за Formula 1. Се надевам дека наскоро ќе најдат нов претседател затоа што тимот треба да се засили откако Камилиери ќе замине. Мислам дека Доменикали одлично би се снашол во таа улога, но тој не е достапен. Доколку сакаат да слушнат каков било предлог или совет од мене, слободно можат да ме контактираат. Ferrari го сакам многу. Ова се многу тешки моменти за тимот поради недостаток на победи и сакам да избегнам создавање на какви било контроверзни ситуации“.

 

„Се обидувам да бидам конструктивен, но загрижен сум што Ferrari дури и не водеше во круг оваа година. Има длабоки проблеми во организацијата и тие покренуваат прашања за иднината“.

 

„Постојат две страни. Прво, проблемот со хоризонтална организација кој „не пие вода“ во Formula 1. Таквата организација е типична за оние на кои им недостасува искуство и знаење и кои не се подготвени да видат како се организираат другите тимови. Второ, ако сакате да победите, мора да имате елемент во тимот што прави разлика и носи нови вештини. Имав силен тим бидејќи секогаш се обидував да изберам луѓе со искуство“, вели Лука ди Монтеземоло.