Пред околу два месеци во Германија започна пробен тест период за време на кој треба да се види како функционира систем за контрола на брзината на возилата на автопат на делница од два километри, базиран на повеќе снимки преку кои се пресметува дали возачот прави прекршок или не

Сепак, германскиот Управниот суд во Хановер наредил итен прекин на тестирање на системот, што Министерството за внатрешни работи веднаш и го направило.

Судската расправа започнала веднаш по пуштањето во употреба на контролниот систем наречен Section Control. Судиите на крајот донеле одлука дека со снимањето на ргистерките таблички на сите возила кои влегуваат во контролната зона се крши уставното право на приватност, затоа што не постои законска основа за тоа.

На Одлуката на судот во Хановер може да се вложи жалба, што секако ја прави пресудата се уште е далеку од финална, но сепак е индикативна.

Инаку, од почетокот на пробниот период се забележани 141 прекршители на законот. На делот каде што дозволената максимална брзина од 100 km/h, носителот на неславен рекорд е возач кој се движел со брзина од 189 km/h.