Mitsubishi Colt по 10-годишно отсуство се враќа во игра 

Станува збор за модел од Б-сегментот кој ќе добие хибриден погон создаден во соработка со францускиот бренд Renault.

Понудата на Mitsubishi не е широка, но брендот нема намера да го напушти овој пазар. Во сегментот Б евтиниот и можеби по малку истрошемопт Space Star сè уште пробува нешто да направи. Новата генерација на Colt се очекува свое деби да има во есента 2023 година.

Веќе е познато дека Colt ќе се произведува на платформата CMF-B во фабриката на Renault во Бурса. Таму се произведува и Clio, па сите индикации велат дека Colt ќе биде само технички близнак на францускиот автомобил. Ќе биде достапен хибриден систем, што е многу добра вест – оној во Clio има неверојатно низок апетит за гориво.

Производителот се пофали дека Colt ќе има „богат пакет на опрема, најнови технолошки решенија и цела палета на погонски системи“. Но, затоа потоа, по официјалната промоција.