Како опција ќе ви остане да обесите „елкичка“ со овој специфичен мирис

Мирисот на ентериерот на нов автомобил е нешто по што се издвојува секој производител, а на негово создавање работат специјални тимови.

Сепак, на оваа пракса и се ближи крајот, пишува британскиот магазин Autocar. Имено, секој од овие мириси е создаден од состојки што се користат во пластика, лепак или текстил, како што се акролеин, ацеталдехид, бензен, етилбензен, формалдехид, стирен, толуен и ксилен.

Комбинацијата на овие состојки често предизвикува алергиски реакции кај возачите и патниците, а се споменува и иритација на очите, останување без здив, гадење и вртоглавица.

Карактеристичниот мирис на патничката кабина на автомобилот веќе е забранет од страна на Јужна Кореја, Русија, како и Кина (од 2021 година).

Економската комисија на Обединетите нации за Европа веќе има донесено упатства за нашиот континент и се проценува дека производителите на автомобили многу брзо ќе ги неутрализираат мирисите од ентериерите на новите автомобили токму поради студиите за алергиски реакции.