Минимално намалување на цената на ЕУРОСУПЕР БС-95
Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во
просек за 0,59%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно
Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна
Македонија од 07.10.2019 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,694 ден/кг.
Новите цени се со важност од ноќеска на полноќ, односно 15.10.2019 година.