Кога купувате користен автомобил, понекогаш е многу тешко да се забележи (барем не веднаш) дали автомобилот бил удрен

Навистина е тешко е да се направи автомобилот кој бил вклучен во судир да изгледа како нов, но… продавачите барем ќе се обидат. За среќа, кај возилата има неколку работи кои веднаш ќе ви откријат дека нешто не е во ред, без оглед колку е тешко истото да се скрие..

Боја на чудни места

Ако бојата на одредено место не одговара на сјајот и текстурата на бојата на остатокот од автомобилот, продавачот веројатно крие нешто. Обрнете посебно внимание на бојата по рабовите на вратата и браникот, бидејќи овие за префарбување на овие места се потребни повеќе пари и време.

Ако на вашето возило пронајдете различни бои, секогаш прашајте го вашиот продавач зошто е тоа така. Во случај да не го добиете одговорот кој го сакате, подобро не го купувајте тој автомобил.

Деловите не се совпаѓаат

Панелите на вратите, браниците и капакот на багажниот простор треба да бидат совршено усогласени со возилото и сите растојанија треба да бидат еднакви и пропорционални едни со други. Ако наидете на некој дел што не одговара или не е усогласен со остатокот од автомобилот, обрнете посебно внимание на тој дел.

Производителите поминуваат многу време за да се осигураат дека се се вклопува совршено. Ако нешто не изгледа како што треба, тогаш има причина.

Испукано стакло

Пукнатините на предното стакло, особено ако се наоѓаат во агол и потсетуваат на мрежа на пајак, можат да бидат јасен знак дека автомобилот бил учесник во судир.

Без оглед на причината, ова е сериозен проблем што треба веднаш да се реши.

Предни фарови

Скоро сите модерни фарови се изработени од пластика. И додека тоа заштедува на вкупната тежина на автомобилот, сега на патиштата имаме се повеќе и повеќе заматени „очи“.

Ако го гледате возилото и еден од фаровите е побистар и почист од другиот кој е пожолт и замаглен, внимавајте бидејќи и ова може да биде знак дека автомобилот е удрен. Во овој случај, подигнете го капакот на моторот и побарајте одвнатре дали има и други трагови на судир.

Проверете ги гумите

За ова треба да се спуштите на колена. Ако шарите изгледат нееднакво, причината за ова може да биде штетата која ја има претрпено шасијата и тркалата не се усогласени.

А кога сте веќе на колена, проверете го и дното на автомобилот. Било какви промени во шасијата што се издвојуваат од останатите, може да бидат знак за прикривање на евентуален проблем.