Mini како Rolls-Royce
Купувачите на MINI за своите автомобили ќе можат да докупат таканаречени самонивелирачки капачиња за фелни
Овој детал, кој отсекогаш бил симбол на врвен луксуз во автомобилската индустрија, овозможува логото на производителот во средината на тркалото секогаш да стои правилно, без разлика дали возилото се движи или не.
Клиентите ќе можат да ја порачаат ознаката MINI или лого John Cooper Works, која е наменета за модели со високи перформанси од британскиот производител.
MINI не е првиот бренд во рамките на групацијата BMW (на која припаѓа Rolls-Royce) што ја копира идејата за самонивелирачки капачиња за фелните. Тоа го има направено и BMW за некои поранешни модели, вклучувајќи ја и новата Серија 3. Интересно е дека истата идеја ја искористиле и производители на други автомобилски групи, а меѓу последните е Volkswagen кој ова лето истото го понуди на своите купувачи за некои модели, вклучително и и Golf.