Според тврдењата на италијанските медиуми, младиот Мик Шумахер би можел да се појави како тест возач во тимот на Ferrari за време на сезонските тестирања во Бахреин и Шпанија

Помладиот Шумахер, според овие овие информации, овие денови би требало да потпише договор со кој ќе влезе во Академијата за млади возачи на Ferrari. Ова би значело дека Мик е уште еден чекор поблизу до влегувањето во Formula  1 и шанса да тргне по стапките на својот познат татко. Благодарение на добрите резултати, Шумахер веќе сега има суперлиценца, што му дава можност да се натпреварува во Formula 1.

Мик Шумахер оваа година ќе ја вози својата прв сезона во Formula 2, а минатата година беше шампион во Formula 3. Со помош на Ferrari, Германецот има добри шанси набрзо да се најде и во Formula 1, дали како возач на Ferrari или како и Леклерк прво ќе има шанса да се покаже во екипата на Alfa Romeo Sauber.